Маркетинг агенцијата Глобал Нет Адв нуди комплетна маркетиншка поддршка: промотивни активности, анкетирање, истражување, организирање на различни видови на настани, онлине и офлине авертајзинг, мониторинг на пазар и продажба, како и изнајмување на рекламен простор на атрактивни места и локации.

Своето работење го започнавме со мал број на промотивен кадар, а денес поседуваме тим од преку 50 промотери, хостеси, модели, анкетари, истражувачи.

Седиштето на агенцијата се наоѓа во Скопје, а има и свои  регионални центри во најголемите градови на Македонија: Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Охрид, Куманово, Тетово и Гостивар.

Повеќе од 15 години, целосно сме посветени на своите корисници овозможувајќи им полесно исполнување на зацртаните цели и обезбедување на вистинското место на пазарот.

Поради зголемување на бизнис потребите и барањата на корисниците, секојдневно го унапредуваме своето работење со воведување голем број на нови услуги и активности.

Бизнис концепт - Планирање на идните ивенти