Анкетирање и истражување

Агенцијата нуди услуги на истражување, анкетирање, собирање на повратни информации од терен, како и нивна обработка со користење на најсовремени решенија. Поседуваме  тим со повеќе од 50 анкетари и истражувачи.

Воедно, можеме да ви пружиме:

  • Теренски активности и истражувања (анкетирање, евиденција, анализа на податоците)
  • Испитување на конкуренција и нејзино движење, состојба на терен, асортиманска застапеност и останати мерења поврзани со вашиот делокруг на работење
  • Следење и ревизија на постоечка организациона структура на терен (вашите дистрибутери, мерчандајзери)
  • Следење на продажниот персонал преку ангажирање на Мистериозен купувач (Mystery shopping)
  • Активности поврзани со истражување, контрола и откривање канали на продажба, воспоставување на нови контакти, отворање на нови пазари
  • Анализа и мерење на задоволството/ незадоволството на корисниците- ,,customer report,,
  • Следење, заштита и контрола на пазарот во поглед на фалсификати и плагијати на одредени производи и целосна поддршка во тој поглед