Ивент менаџмент

Услуги на ивент менаџмент

 

Професионалниот тим на агенцијата е обучен за комплетно осмислување, планирање, организација, техничка поддршка и водење на разни настани (конференции, конгреси, симпозиуми, конвенции семинари, обуки, работилници, прес конференции, презентации, промотивни настани, тим билдинзи, деловни состаноци, тематски забави, роденденски забави, изложби, свечени прослави).

Оваа услуга вклучува:

Избор на локација

Агенцијата во име на клиентот прави анализа на соодветните локации согласно барањата и го предлага најдоброто можно решение за простор во кој ќе се случува настанот.

Хотелско сместување

Агенцијата е стручна во давање на поддршка при избор на хотели кои се во близина на конференциската локација или некој друг настан, а се во согласност на буџетот на клиентот. На барање на клиентот обезбедува хотелско сместување и со реализира целосниот процес на резервации и регистација. 

Организирање на превоз

На барање на клиентот обезбедуваме транспорт од и до аеродром, хотел, местото на одржување на настанот: автобуси, мини комбиња или автомобили од хотелот до местото на конференцијата и обратно, но и транспорт за време на факултативните програми.

Регистрација на учесници пред и за време на настанот

Агенцијата превзема улогата на контакт центар одговорен за организациски и логистички детали во поглед на: регистација на учесници пред настанот, контакт преку телефон, факс и електронска пошта (e-mail). Истовремено, врши и дистрибуција на сите информации до учесниците, вклучувајќи брошури за регистрација, писма, покани за настанот и потврда за присуство.

Изработка на покани

Нашата агенција дава предлози за дизајнот на поканата, осмислување на соодветниот текст во зависност од настанот, изработката, како и професионална достава на истите од страна на курири според листата на поканети лица.

Рекламирање и промоција

Дизајнирање и печатење на банери, брошури, постери и печатени материјали поврзани со настанот кој го организираме. Според барањата обезбедуваме и медиумско рекламирање, односи со јавност и огласување.

Изработка и одржување на веб страна на настанот

Целосен дизајн, изработка и одржување на веб страната на настанот, со секојдневно ажурирање на измените и дополнувањата.

Дизајнирање,  печатење и дистрибуција на конференциски  материјали

Графички дизајн, печатење, копирање и дистрибуција на конференциски покани, програми, списоци на учесници, папки, книги на апстракти, бележници, пенкала, индикатори, беџови, менија, сертификати, благодарници.

Менаџмент на местото на настанот

Тимот на агенцијата задолжително одржува подготвителни состаноци со одговорните лица во хотелите и институциите, како и координација за време на настанот за сите логистички детали. Нашиот тим стои на располагање за имплементирање на било какви промени во дневниот ред, потреби на говорниците и учесниците, како и за сите оние кои се директно поврзани во спроведување на настанот. Ние сме претставникот на клиентот на местото на настанот, задолжен за спроведување на сите договорени активности и контакти со добавувачите.

Кетеринг услуга и организирање на коктели

Организираме, предлагаме избор на повеќе менија од кетеринг служби и ресторани и заедно со клиентот го избираме најдоброто мени. Сепак, се прилагодуваме на типот на настанот, како и местото каде се одржува истиот, па реализираме и кетеринг услуги на отворено, ланч пакети...

 

Проширување на настанот

Секој настан го прошируваме со свечени вечери, тим- билдинг активности, еднодневни или повеќедневни екскурзии и забави. Координацијата на сите активности во зависност од потребите на настанот со добавувачите при организација на свечени вечери-коктели, фотографирање, забавувачи е наша обврска. Нашите одговорности се организирање прием на учесници, гала вечери, ексурзии пред или по настанот по најважните туристички места.

 
  

 

 

 

 

 

 

Изнајмување на конференциска/ техничка опрема

За настани каде има потреба, изнајмуваме конференциска и техничка опрема, која се поставува и функционира во присуство на високопрофесионални техничари, и тоа:

Конференциска опрема

Аудио за озвучување, статични и  безжичени микрофони, безжичен микрофон-буба и др.

Безжична опрема за симултан превод

Повеќе канални безжични приемници (за повеќе јазици), слушалки, кабина за симултан превод, дистрибутер на аудио сигнал-линиски излез за прикличување на камери.

Презентациска опрема

Мултимедијален ЛЦД проектор, проекционо платно, ЛЕД, ДВД плеер, табла- флип чарт, мултимедијална табла, повеќеканално дигитално аудиo снимање на ЦД, дигитално видео снимање на ДВД, фотографирање.

 

Визуелна и светлосна опрема

Сценографија, платформа за бини и говорници, осветлување според потребите на настанот, банери, билборди, инфо пулт, алуминиумска конструкција за банер и дополнително светло.

 

Настани на отворено

За одржување на настани на отворено користиме неколку типови на шатори. Направени се да одговорат на сите потреби и замисли, така што може да се комбинираат различните форми по желба на клиентот и пригодата за која се изнајмуваат.

Шатори за забави

Изнајмување на шатори за корпоративни забави, специјални настани, промоции и други посебни пригоди.

 

 

Шатори за настани

Спектакуларни шатори за специјални настани, во различна големина, мали и големи, со различен распоред и интересни структури.

Шатори за сенка

Заштита од сонце за корпоративни настани, комерцијални промотивни активности, презентации, прес конференци                                                      

Преведувачки услуги

Ние ги нудиме најдобрите услуги за превод на:

  • Пишан текст (word формат, power point презентација, табели);
  • Усмен превод:

   - Консeкутивен превод

                            - Симултан превод